•  Огромни енергетски заштедиHigh power ЛЕД светлосните извори во комбинација со високо ефикасно електрично напојување можат да овозможат заштеда на електричната енергија околу   60-80 проценти во однос на обичните живини и натриумови светилки.
  • Имаат висок Индекс на репродукција на бои  - Овозможуваат јасни, светли, вистински природни бои. (најновата ЛЕД технологија овозможува CRI>90)
  • Широконапонски опсег на работа – кај традиционалните светилки доколку напонот варира за 7 проценти светлината и животниот век ќе бидат драстично намалени. Кај ЛЕД диодите разликите на напон на електроенергетската мрежа воопшто не ги намалуваат интензитетот на светлина и животниоит век.
  • Започнуваат да светат веднаш – Го елиминираат одложеното започнување на светењето кое го има кај традоционалните живини и натриумови улични светилки кога се вклучуваат.      
  • Револуционерен Фотометриски Дизајн – Светски прв посветен оптички систем кој користи правоаголни зрачно фокусирачки леќи, кои ја контролираат дистрибуцијата на светлината во форма на правоаголник на површината на улицата.
  • Користат единствени интегрирани леќи и имаат напредни дизајни на куќишта – Користењето на поедноставни заштитни леќи можат да ја фокусираат светлината во зрачни снопови со различна големина, а употребата на Алуминиумот за изработка на куќиштата ја намалува тежината на светилките.
  • Креативна интеграција на ладилникот и куќиштето на светилката – Структурата на светилката потполно го заштитува изворот на светлина во функција на продолжување на животниот век како и го исполнува барањето за максимална дисипација на топлината
  • Стандардни Е40, Е27 држачи за светилки со 360 степени на ротација – Прилагодливи на најдобриот правец кон земјата по поставувањето на столбот.
  • Дизајн прилагодлив на директна замена – со можност за директна замена на светилките со жива со висок притисок, светилките со натриум со висок притисок како и метал халогените светилки.
  • Интелегентна Струјна контрола – Постигнуваат прецизна и константна струја, која е потребна за нормално светење на ЛЕД диодите без можност за нарушување на струјниот амбиент, користејќи напојувања кои даваат констатна струја.
  • Нема загадување со светлина – Овозможуваат дистрибуција на светлината фокусирана на просторот при што нема светлина надвор од таа секција, со што без блескотење не се вознемируваат граѓаните кои што живеат во близина.
  • Редуцираат акумулација на прашина која вообичаено се таложи заради високите напони – Ги елиминираат акумулациите на прашина на куќиштето.
  • Нема стробоскопски ефекти – Го елиминира визуелниот замор поради стробоскопските ефекти кои се откриени кај традиционалните улични светилки.
  • Отпорни се на удари, имаат заштита од струјни удари , немаат ултравиолетово или инфрацрвено зрачење – Ја зголемуваат безбедноста користејќи калени стакло и алуминиумски куќишта кои се компактни, при што се запазуваат сите европски стандарди за електрична заштита.
  • Имаат можност за повеќекратни опции за температура на боја – Ги елиминираат ниските температури на бои на Натриумовите светилки кои можат да бидат причинител на хипнотизирачко расположение и високите температури на Живините светилки кои можат да бидат причинител на депресивно расположение. (најновите истражувања посочуваат на употреба на ЛЕД со температура на боја од 4000 К)
  • Работен век над 50,000 часови – Имаат до 10-12 пати подолг работен век од живините или натриумовите светилки. При користење на 10 часови дневно би светеле околу 14 години.
  • “Зелени” светилки со нагласена Заштита на природата – Без олово, жива или други тешки метали кои ја загадуваат околината поради што се наречени “пријатели на природата”
  • Висока светлосна ефикасност – со 120-130 lm/w една 90 W ЛЕД светилка заменува 250W Натриумова светилка.