1. Лумен   [Lumen (lm)]
Лумен  е интернационална (SL) единица за светлосен флукс, мерка за вкупната светлина која се емитира од изворот на светлина.
 zaled1
2. Кандела [Candela (cd)]
Кандела е интернационална единица за светлосен интензитет, мерка за светлина која се емитува од светлосен извор во одреден просторен агол.
 [Кандела = лумен/просторен агол]
 
zaled2
3. Просторен агол  [Единица: просторен степен] [Beam angle]
Beam angle is the angle between two directions for which the luminous intensity is 50% of the maximum intensity as measured in a plan through the nominal beam centerline. Beam angle of a bulb gives an idea of how the light beam spreads away from the beam center.
 
zaled3
4. Лукс   [LUX (lx)]
Лукс е интернационална единица за осветленост, мерка за светлина која осветлуива дадена површина. Пример, 1 лумен на површина од 1 квадратен метар дава осветленост од 1 лукс.
 [лукс = лумен/m2]
zaled4 
5. Температура на боја [Color Temperature / Correlated Color Temperature(CCT)]
Едно црно тело добива  различна боја кога тоа се загрева до одредена температура  (во Келвини). Температурата при која бојата на загреаното црно тело се совпаѓа со бојата на изворот на светлина е температура на боја на изворот на светлина.
zaled5 
6. Индекс на репродукција на боја [Color Rendering Index (CRI)]
Индексот на репродукција на боја, рангиран од 0-100,  ја покажува способноста на изворот на светлина да ја репродуцира бојата на различните предмети осветлени од референтен извор на светлина, црно тело (CRI=100)
7. Ефикасност  лумен/ват [Efficacy (lm/W)]
Ефикасноста во осветлувањето се однесува на ефикасноста на изворот на светлина кој се мери во лумени (како излезна единица) по ват (W), како влезна единица за моќност
[Ефикасност=лумен/ват]     [Efficacy = lumen / wattage]
8. Проектирано работно време, проектиран животен век [Design Life Time (h)]
Проектираниот животен век  е просечен животен век на светлосниот производ, при услови која е приклучен на номинален напон, струја и контролирана работна средина. Актуелните животни векови се различни поради различните работни услови.
9. Димабилност [Dimmability]
Не сите светлосни производи се проектирани за димабилност. Димирањето на не-димабилни ЛЕД светлосни производи може да буиде причина за непредвидливи резултати и влијание врз животниот век на светилката. Дијаграмот ги покажува вообичаените влезни разлики на струјата за прилагодување на влезниот напон за димабилни и не-димабилни светилки.

zaled6