ИСТОРИЈА
Делта-Инфо ДОО, експорт-импорт Скопје, е основана во 2005 година. Нашата првична идеа беше да користиме ЛЕД и да произведуваме ЛЕД производи. Делта-Инфо е 100% ЛЕД ориентирана компанија. Нашиот прв проект беше инсталација на подвижни текстови во неколку училишта во Македонија (2005 година). Во Март 2006 година ги инсталиравме првите дигитални ценовници за БП ЕУРОАКТИВА (сеуште активен после 8 години). Во Мај 2006, добивме порачка за дигитални ценовници за МАКПЕТРОЛ, најголемиот дистрибутер на горива во Македонија. Оттогаш, имаме инсталирано повеќе од 100 дигитални ценовници и подвижни текстови, главно во Македонија.
Со производство на ЛЕД светилки започнавме во 2010 година. Оттогаш, инсталиравме многу ЛЕД светилки за ЛУКОИЛ Македонија (вградни светилки за настрешница, внатрешни вградни тавански светилки од инокс лим, улични светилки), ДЕТОИЛ, ТИММОИЛ Тетово, ДЕЛУКС АУТО (вградни светилки за настрешница, улични светилки), Прокредит Банка (внатрешни вградни светилки), Спортска Сала во Гостивар (рефлектори), Прогрес 98 Гостивар (улични светилки), Градот Скопје – Мостот на Револуцијата (фасадни светилки) итн.

Делта-Инфо е вашиот ЕКОномичен советник и ЕКОлогична ЛЕД алтернатива на флуоросцентните светилки.
Делта-Инфо ви нуди инвестиција со ниски трошоци и брзо враќање на инвестицијата за најдобро осветлување.

ВИЗИЈА
Да нудиме сигурност на нашите клиенти;
Да изградиме чесен, праведен, фер однос;
Да работиме во согласност со моралните вредности;
Да ги користиме ресурсите на нашата земја ефикасно и ефективно;
Да ја почитуваме средината и нашата земја;
Да понудиме комплетна поддршка на нашите купувачи по купувањето;
Да бидеме целосно ориентирани кон клиентите.

МИСИЈА
Нашата мисија е да допринесеме кон државната економија преку производство на релевантни ЛЕД производи за заштеда на енергија;
Да произведеме квалитетни ЛЕД производи земајќи ги во предвид потребите и безбедноста на нашите клиенти;
Да ги презентираме квалитетните производи со конкурентни цени на пазарот;
Да го зголемиме нашиот капацитет со додавање на вредност.

ЦЕЛИ
Да спроведеме ISO сертификација во текот на 2015 година;
Да станеме прва ЛЕД трговска марка преку одржување на висок квалитет на производи и услуги;
Да станеме регионален центар за ЛЕД осветлување.

НАШИ ПОТЕНЦИЈАЛНИ КЛИЕНТИ:  Бензиски Станици, Шопинг центри, болници, спортски сали, коридори, продавници, маркети, канцеларии, училишта, хотели, ресторани, кафетерии, улици, паркинзи, паркови.

ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ
Основана на ден 12.12.2005
Матичен број: 6072046
Приоритетна дејност 32.99
Сметка: 210-0607204601-02 кај Тутунска банка АД, Скопје
        380-2506484001-38 кај Прокредит банка АД, Скопје        
Даночен број: 4030005578923
Седиште: ул. Мечкин камен бр. 18 Д, 1000 Скопје, Р. Македонија